Протест за починатиот Ќерими: „Случајот Алфа е монтиран“

од Nikola Popovski

Денеска во 13:30 часот во Скопје започна протестниот марш поради смртта на Реџаил Ќерими, осуден на доживотна затворска казна за случајот „Алфа“.

Како што претходно братот на починатиот Реџаил Ќерими, протестот започна од плоштадот „Скендербег“, а заврши пред Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.

На протестот беше побарана меѓународна истрага за сомнителната смрт на Ќерими и беше соопштено дека случајот е монтиран.

Случајот „Алфа“ произлезе откако во 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, животот го загуби албанскиот полицаец од единицата Алфа, а двајца негови македонски колеги со кои бил на патрола беа повредени.

Убиството на полицаецот Африм Арифи,се случи на 26 ноември 2008 година. Со него повредени беа уште двајца полицајци, Саше Петровски и Едвард Алексовски. Во 2010 година судот ги осуди Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дерпланин на доживотен затвор додека Рамадан Шаќири беше на 9 години затвор за логистика. Барањата за вештачење на материјалните докази во земјата добија негативни одговори од институциите, чие образложение беше дека не поседуваат соодветни техники за такво вештачење.

Во врска со смртта на Ќерими, од МВР неодамна соопштија:

„На 27.01.2022 околу 00:20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека на пат кон клиничкиот центар, во возило на Затворската полиција починал осуденикот 52-годишиот Ќ.Р. од село Опае, кумановско. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на семејството“.

Слични содржини