Санкции за несовесни возачи: Се движел со 191 километар на час

од Nikola Popovski
224 прегледи

МВР продолжува со засилените акциски контроли за несовесни возачи, кои возат со поголема брзина од пропишаната. Денеска на автопатот Куманово-Скопје-Велес, санкционирани се 78 возачи. 15 од нив возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Според објавеното на сајтот на ресорното министерство, еден од казнетите возачи се движел со 191 километар на час.

Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини