„Вакцинирај се“ е новата кампања на владата чија цел, меѓудругото, е и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста. Премиерот Заев и министерот Филипче на денешната прес-конференција порачаа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат единствен начин за надминување на пандемијата.
„ Се наоѓаме во критична фаза од новите мутиции и антиваксерско движење кои ја укажуваат потребата за правилно информирање.Вакцините се единствениот спас од вирусот.Секој глас за вакцина е глас за спас на живот. Затоа апелирам, да ја прифатиме пораката на кампањата „Вакцинирај се“. Да се вакцинираме за да се собираме повторно заедно, за да се вратиме на нормалниот живот. Сите да направиме чекор кон таа цел. Да го поттикнеме трендот на вакцинацијата, да ги охрабриме граѓаните, да ги видиме повторно широките насмевки на лицата, без маски, да ги вратиме прегртаките, за тоа ја лансиравме кампањата, а повикот е јасен, вакцинирај се. Вакцинирај се за да се вратат и артистите на сцените, за да се врати публиката на спортските арени“, рече Заев.
Тој им порача на антиваксерите дека протестот е уставно загарнтирано право, но исто такво право е и правото на здравје.
Досега во земјата се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.