Шилегов: Реализирани се над 63 отсто од проектите кои СДСМ ги вети во изборните програми

од Nikola Popovski
231 прегледи

Изминативе 4 години целосно ги реконструиравме улиците Антон Попов, Бихачка, Црниче Востаничка и Жарко Зрењанин. Изградивме кружен тек на раскрсницата на бул. Србија со ул. Христо Татарчев. Во завршна фаза влезе изградбата на ул. Есенинова, а започнавме и со изградба на бул. Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на маалска средба со граѓаните на Кисела Вода.

Шилегов потенцираше дека дека СДСМ како и на секои избори па така и на претстојните ќе понуди најдобра кадровска и програмска понуда и тоа ќе биде препознаено од граѓаните.

– СДСМ постојано е со граѓаните и меѓу граѓаните, каде што е нашето место, презентираме што е сработено, но исто така и ги слушаме сугестиите на граѓаните за што може дополнително да се направи во наредниот период. СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Најдобриот затоа што сите општини се развиваат рамномерно, затоа што СДСМ има визија и концепт, затоа што реализирани се над 63 отсто од проектите кои СДСМ ги вети во изборните програми, посочи Шилегов.

Слични содржини