Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска ги објави останатите кандидати за градоначалници на владеачката партијата. Според анкетите внатре во партијата, СДСМ во Куманово ќе „трча“ со Оливер Илиевски, а во Центар со Горан Герасимовски.
-Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со Александар Наумовски. Кандидат на градоначалник во Битола ќе биде Христо Кондовски, во Шуто Оризари ќе биде Асан Ферат, во Кривогаштани со Никола Мисовски, во Струга партијата ќе трча со Димче Џипингаровски, во Гевгелија кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Сашко Поцков, во Дебарца со Игор Крцковски, додека во Струмица, партијата ќе „трча“ со актуелниот пратеник Костадин Костадинов…, соопшти Николовски.
Денес беа објавени 17 кандидати, така што останува уште името на кандидатот за градоначалник на општина Кочани, кое според Николовски, ќе биде објавено во наредните денови.
Генералниот секретар додаде дека во сите општини, каде што се објавени денешните кандидати, партијата води на анкетите со 10 проценти или повеќе.
Претходно партијата објави уште 16 кандидати за градоначалници во општините кои биле утврдени на седница на Извршниот комитет. Како што објави тогаш Николовски 12 од кандидатите се нови имиња, во скопските општини, Аеродром, Карпош, Прилеп, Велес.