СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери во Сарај, Тетово, Чаир

од Nikola Popovski
191 прегледи

СДСМ нема да оди со свои имиња, туку ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партии во Сарај, Гостивар, Дебар, Чаир, Липково, Пласница и Боговиње, соопшти денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски на прес-конференција.

Тој додаде дека во овие општини СДСМ ќе има свои советнички листи, како и во секоја општина во државата.

-Реалните проекти покажуваат дека никогаш досега не се градело во општините, како во изминатие 4 години. Тоа е СДСМ и граѓаните добро го познаваат, посочува Николовски.

Претходно генералниот секретар ги објави новите кандидати за градоначалници во 17 општини. Од поголемите, во Куманово ќе трча со Оливер Илиевски, во општина Центар со Горан Герасимовски, во Ѓорче Петров со Александар Наумовски,  во Битола со Христо Кондовски, а во Струмица со Костадин Костадинов.