Казни за 43 пребрзи возачи во Тетово

од Nikola Popovski
232 прегледи

МВР информира денеска на територијата на СВР Тетово, биле санкционирани 43 возачи поради пребрзо возење.

– Од нив, 11 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. 24 санкции се изречени на територија на Тетово, а 19 на територија на Гостивар. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од полицијата.

Слични содржини