Бислимоски најави црна листа на снабдувачи за електрична енергија кои манипулираат со цени

од Берта Китинска

Изминатвие месеци  цената на електричната енергија на големо е зголемена и поради товарот дел од нашите снабдувачи ги раскинуваат договорите, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимоски во Утрински Брифинг.

Првиот човек на РКЕ кажа дека кај нас во моментов имаме 13 активни снабдувачи и ние сме земја која има најмногу активни сбандувач во овој дел од Европа.

-Ние ја следиме активно ситуацијата. Овие снабдувачи беа информирани дека треба да си превземат мерки, за дел од нив почнавме да носиме одлуки, исто така  за дел од нив кои не го корегираа своето однесување носиме кривични постапки, и по оваа постапка доколку нема промени ќе ги одземаме лиценците.Но, она што е битно изминатиов период добивме информации од потрошувачи и во наредниот период ќе објавиме црна листа на снабдувачи кои не се придржуваат до договрот со цел на потрошувачите да им дадеме информации.Снабдувачот е обврзан да му дадат услуга на потрошувачот по иста цена по договорот додека тој не најде нов снабдувач, објасни Беслимоски.

Слични содржини