Бислимоски: ЕСМ директно да им помогне на школите и македоснките компании по поволни цени, а не преку EВН да се плаќа маржа

од Берта Китинска

Крајната цел е основните и средните училишта, македонските компаниии јавните комунални претпријатија, прочистителните станици да добијат пониска цена од пазарната цена и наместо да се финасира евн и да му се плаќа маржата, есм директно да им продава на нив – изјави Марко Бислимоски, првиот човек на Рке во студио 10.

“ Предлогот мој е ЕСМ преку својата компанија за продажба, директно да им продава на овие категории на потрошувачи по цена која што да биде пониска од цената која што е во моментов на регулираниот пазар за малите потрошувачи. На тој начин ќе избегнеме на ЕВН Хоум да им се даваат дополнителни пари за маржа, а ќе обезбедиме ЕСМ како државна компанија и која што добила субвенции од државата, да ги намали овие субвенции. На овој начин ем ќе им се помогне на школите, компаниите и Јкп со цена која поволна за нив и прифатлива, додека со предлог на опозицијата, доколку се вратат сите овие на регулираниот пазар на електрична енергија во тој случај цената на електрична енергија во која што ЕСМ ќе продава на ЕВН Хоум е 48 евра за мегават час. Во тој случај маржата на ЕВН Хоум ќе се зголеми за 5-6 милиони евра, дополнително. “ изјави Бислимоски.

Слични содржини