Беслимоски: Го бараа гробот на Александар Македонски, може ќе најдат нафта и ќе помогнат на граѓаните

од Берта Китинска

РКЕ определува цена на нафтени деривати врз основа на цена на цена на нафтени деривати на берза и курс на долар, кажа денеска првиот човек на РКЕ, Марко Беслимоски.

-Ако некој мисли дека во Македонија има свои резерви на нафта и можеме ние сами да си правиме цени, јас го отстапувам место, нека прави цени какви што смета од сопствено производство. Најверојатно секогаш околу Свети Николе кажуваат дека има, и гробот на Александар Македонски бил и нафта дека имаме. Верувам дека конечно нешто ќе најдат и ќе помогнат на граѓаните, рече Беслимоски.

Тој денеска најави нови цени на горивата. Дизелот, како што рече, ќе поевтини за два денара.

-Уште еднаш се потврдува дека РКЕ работи по јавно објавена методлогија, а до 2019 година методологијата беше таен документ и не смееше да се објави. Тие што не ставија на билборд, сега јавно да се извинат и да кажат дека лажеле, истакна Бислимовски, кажа првиот човек на РКЕ.

Слични содржини