Почувствуван земјотрес во делови од Македонија

од Nikola Popovski
177 прегледи

Денес во 16 часот и 04 минути, регистриран беше земјотрес чиј епицентар се наоѓаше во Република Албанија, 140 километри југозападно од Скопје, соопштија од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија.

Според нив, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

-Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во Албанија. Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри, објавија албанските медиуми.

Слични содржини