Војниците на КФОР се појавија денеска во близина на административниот премин Јариње, каде што припадниците на специјалните сили на косовската полиција се стационирани веќе осум дена, а меѓународните мировници велат дека „го зголемиле бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и на Северот“ и „тие внимателно ја следат ситуацијата низ Косово “, пишува „Косово онлајн“.
„КФОР останува фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат според Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да се обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат на Косово. КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучувајќи го и северниот дел“, изјави КФОР за изданието.
Претходно денеска, премиерот на земјата, Албин Курти, рече дека, заедно со министерот за полиција имале средба со командантот на КФОР на која разговарале за безбедносната состојба, но дека „нема информации дека КФОР се подготвува да интервенира во северно Косово и да ги замени специјалните единици на косовската полиција, како што наведуваат некои албански медиуми “.