Нашата понуда тврдам дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање, рече министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на промоцијата на вечерашната промоција во Битола, на кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола Христо Кондовски.
Според него, добар дел од нашите кандидати се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка.
-Го имате најдоброто за вас, вашето семејство, вашето маало, вашата општина. Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе. Со гласот може да избереме заедништво, развој, многу работа, просперитет, модерни и европски општини. Тоа ќе ги победи поделбите, лажните вести и антиваксерството. Немам дилема дека на 17 октомври сите ќе го направиме вистинскиот избор. Напред во голема победа, рече Филипче.