Бурата во кошаркарската јавност од другата страна на Атлантикот не се смирува поради одлуката на Ендрју Вигинс да не прими вакцина против коронавирус.
Првиот избор од Драфтот во 2014 година се обиде да избегне вакцинација, тој дури испрати писмо до надлежните органи со барање да биде изземен, но наскоро беше одбиен. Затоа Голден Стејт, барем засега, нема да може да смета на Вигинс кога натпреварите се играат на домашен терен.
За потсетување, поради локалните регулативи поврзани со вирусот во Њујорк и Сан Франциско, Њујорк Никс, Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс можат да сметаат само на вакцинирани кошаркари како домаќини. Исклучоци може да бидат од медицински или верски причини. Со Вигинс, тоа е нешто сосема друго …
Со својата изјава за причините зошто не сака да се вакцинира, Вигинс доведе да биде исмејуван од дел од јавноста. Имено, тој јавно кажа дека не сака да се вакцинира бидејќи тоа е „негово лично верување“. Затоа, причините не се од медицинска или верска природа, тој едноставно не сака да се вакцинира против коронавирусот.
„Дефинитивно сум во ќош, грбот ми е потпрен на ѕидот, но ќе продолжам да се борам за она што мислам дека е правилно. Она што е добро за мене не мора да значи дека е правилно и за другите“, рече Вигинс.
Меѓутоа, она што привлече најмногу медиумско внимание е дека Вигинс може да остане без дури 15.000.000 долари во случај да не биде вакциниран, бидејќи не може да игра за Вориорс во дуелите како домаќин.
„Дали ќе останам без пари или не, тоа е само моја работа“, рече некогаш големиот талент.