„Антиваксерот“ Вигинс сепак се вакцинираше

од Nikola Popovski

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Ендрју Вигинс, сепак се вакцинираше, и покрај претходните „активаксерски“ ставови.

Вигинс е дел од НБА играчите кои строго се спротивстави на вакцинацијата, а покрај него тука се и Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Џонатан Ајзак, Мајкл Портер Џуниор …

Во еден момент, тој побара од НБА лигата да биде изземен од вакцинација поради верски убедувања, но предлогот беше одбиен.

Поради строгите прописи во Калифорнија, Вигинс се соочи со пропуштање на половина од натпреварите во сезоната, како и со фактот дека нема да биде платен.

Веста ја пренесе спортскиот инсајдер Шемс Чаранија, па можеме да ја земеме како што е веќе потврдена.

Вигинс одигра 71 натпревар во текот на претходната сезона, за време на кои имаше просек од 18,6 поени.

Слични содржини