СДСМ: Се поголем е стравот во Белата палата од силниот пораз во Скопје

од Nikola Popovski
188 прегледи

Се поголем е стравот во Белата палата од силниот пораз во Скопје и убедливата победа на Петре Шилегов, јасно им е и во ВМРО-ДПМНЕ дека скопјани не забораваат дека токму оваа партија 27 години го уништуваше Скопје, а сега нема никаква понуда, концепт, ниту идеја за градот, велат од СДСМ како реакција на партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, истата таа партија да ги задоволи своите криминални апетити преку проектот Скопје 2014 потроши стотици милиони евра, пари на граѓаните кои немилосрдно се трошеа на лажен барок, споменици и стиропор.

-За разлика од нив, Петре Шилегов со сериозен меѓуинституционален пристап успеа да ги реши сите проблеми настанати во времето на режимот.

Шилегов ја има најдобрата понуда и за овие избори. Зад него се реални реализирани проекти кои веќе им служат на граѓаните. Тој не нуди лажни и неостварливи проекти како Данела Арсовска со цел да манипулира и да создаде конфузија, потенцираат од владеачката партија.

-Ако Шилегов не може да поверува во проектите кои ги нуди кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, тогаш тоа е негов личен проблем и тука му нема помош, сooпштија од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини