Заев остар кон ДУИ: Пукањето на митингот е недозволиво

од Берта Китинска
644 прегледи

Премиерот Зоран  Заев вели дека е недозволиво да се пука на митинзи, како што на стартот на политичката кампања се случи на митингот на ДУИ во Чаир.

– Без разлика за кого се работи ова е недозволиво. Не знам која била намерата, ако некој мисли дека така привлекува гласови се лаже. Тоа одвраќа гласови. Демонстрацијата на сила, мускули и не знам што, па и пукање во воздух е навистина недолично за земја аспирант за членство во ЕУ и на крај не е прагматично добро. Јас јавно му кажав и на министерот за внатрешни работи да се постапува по сите случаи, не ме интересира кој е, секој да си одговара, поради тоа што ова не смее да се повтори, изјави премиерот Заев.

Слични содржини