За првпат по 20 години државата спроведе успешен попис. Еден милион 832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем, огромен успех, веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис, веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе ги темелиме идните политики, кажа премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во Велес, на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа.
Тој додаде дека покрај пописот, во другата рака го имаме и членството во НАТО.
-Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Овие четири години се развиваше државата, се решаваат клучни прашања, но истовремено се развиваа регионите и општините. И тоа Велес го знае најдобро“, заклучи Заев.