1,3K
Сакам да објавам дека од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, истакна претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска од Делчево
Тој нагласи дека досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало.
-Секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати, рече Заев.
Тој додаде дека кај нас просечните плати кај нас растеа 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало.
-Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите, рече Заев.