Откако пристигна во Челси летото 2020 година, често се слушаше дека Тимо Вернер е еден од најмалерозните играчи во Европа во моментов. Но колку е тоа вистински случај, еден факт најдобро зборува.
На германскиот напаѓач му беше поништен 16 -от гол вчера, откако потпиша за Челси!
„Сините“ успеаја да забележат нова победа во Премиер лигата и го совладаа Саутемптон со 3:1, а Вернер успеа да се запише како стрелец, носејќи предност во финишот на натпреварот за неговиот тим.
Сепак, тој веќе славеше еден гол порано за време на натпреварот, но откако чекаше да се види ВАР -видеото, тој гол беше поништен поради претходно направен фаул од Цезар Аспиликуета.
Со тоа беше поништен 16 -от гол на Вернер во дресот на Челзи, клуб во кој тој настапува нешто повеќе од една година!
Сите тие голови беа поништени поради офсајд позиции, како и поради последователните одлуки по гледањето на ВАР, но јасно е дека Германецот беше премногу често „на работ“ да постигне голови.
За Вернер се зборува дека му се потребни многу можности да ја затресе мрежата, а откако пристигна во Челси, постигна 14 гола на 60 натпревари. Има повеќе поништени отколку признати голови …