Вигинс конечно се вакцнирал

од Vladimir Zorba

Во новата НБА сезона, Голден Стејт Вориорс имаат големи амбиции да се вратат на врвот по две сезони во кои заминувањето на Кевин Дурант и бројните повреди ги оставија надвор од плејофот.

Една од најголемите пречки на патот кон таа цел беше неподготвеноста на Ендрју Вигинс да се вакцинира против Ковид, што според прописите во Сан Франциско ќе го спречи да игра на домашни натпревари.

Таа пречка сега е отстранета. Тренерот Стив Кер објави дека 26-годишниот Канаѓанец и прв избор на драфт во 2014 година ја примил вакцината.

Ако го немаше тоа, Вигинс немаше да смее да игра на 41 натпревар на домашен терен во регуларниот дел и оние што следуваат во плејофот, и за секој пропуштен натпревар ќе останеше без соодветен процент на плата, што за претстојната сезона е дури 31,6 милиони долари. Вориорс беа многу смирени во случајот со Вигинс и цело време беа убедени дека нивниот кошаркар ќе ги стекне условите за нормално учество во тимот пред почетокот на сезоната.

Се очекува Вигинс да го задржи своето место во стартната петорка, која ја имаше минатата сезона, до враќањето на Клеј Томпсон, што се очекува некаде во декември.

Откако Вигинс ја прими вакцината, најпроблематичната НБА sвезда останува Кајри Ирвинг бидејќи во Њујорк важат слични правила како во Сан Франциско, според кои невакцинираниот играч не смее да доаѓа на големи собири во салите. Според тие правила, не само што не смее да игра домашни натпревари, туку не смее да тренира со соиграчите додека се во Њујорк.

Слични содржини