326
Десет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало натоваренo со експлозив на аеродромот „Крал Абдула“ во саудискиот град Јазан во близина на јеменската граница, пренесуваат официјалните саудиски медиуми.
Шестмина Саудијци, тројца државјани на Бангладеш и еден Суданец се повредени.
Во нападот беа искршени и некои од прозорците на фасадата на аеродромот, додаде портпаролот на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Јемен е сцена на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хути презеде контрола над голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.