Заев: Општините ги раздолживме со 50 милиони евра

од Nikola Popovski
276 прегледи

Реализиравме повеќе од 7.000 проекти заедно со локалната власт. Општините ги раздолживме со 50 милиони евра, објави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Според него, и во наредните четири години Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе продолжи да инвестира во проекти што живот значат за општините и граѓаните.

-Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, во секое село. Така се гради државата, со љубов, патриотизам и почит, потенцира претседателот на СДСМ.

Слични содржини