Продолжува Лигата на шампионите, еве кои се дерби дуелите!

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Лигата на шампионите продолжува денес со натпреварите од третото коло. Два натпревари (Клуб Бриж – Манчестер Сити и Бешикташ – Спортинг) се играат од 18:45 часот, а останатите шест во групите А до Д од 21 часот.

Дербито на денот се игра во Париз, каде се среќаваат ПСЖ и Лајпциг, и во Мадрид, каде шпанскиот првак Атлетико го пречекува Ливерпул. Со победа против Лајпциг, ПСЖ би направил голем чекор кон нокаут фазата бидејќи по две кола има четири бода, а гостите од Германија се без бодови. Во истата група, Сити е домаќин на непоразениот Бриж, кој има четири бода, еден поен повеќе од тимот на Гвардиола.

Атлетико и Ливерпул веќе се истакнаа на врвот во групата Б. Ливерпул има две победи над Порто и Милан со 8:3 гол разлика, а Атлетико собра четири бода. Во вториот натпревар од групата, Порто и Милан се борат за приклучок кон Шпанците и Англичаните.

И групата Ц нуди лидерско дерби – Ајакс и Борусија. Клубовите со по шест бода се среќаваат во Амстердам, а во „дербито на дното“ на групата Бешикташ ќе се сретне со Спортинг.

Во групата Д, Шериф, најголемата сензација на натпреварувањето, како водечки гостува во Милано на Интер, кој пак нема право на грешка бидејќи има само еден бод по две одиграни кола. Во вториот натпревар од групата, кралски Реал, по шокантниот пораз од Шериф, ќе брка победа против Шахтјор.

Слични содржини