Едно се нашите анализи, а друго е граѓаните што кажуваат. Народот ни кажа прецизно, смета претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Според него, со седењето дома на поддржувачите на партијата беше покажан жолт картон.
-70 илјади граѓани гласаа за независни листи, од кои 35 илјади останаа дома. ВМРО-ДПМНЕ имаа помалку гласови од лани, нивната можност е до толку, толку е нивниот плафон. Ние ги изгубивме гласови, со тоа што нашите поддржувачи останаа дома, но треба да знаат дека со останувањето дома ќе го вратат тоа против кое што се бореле. Канализацијата во Кисела Вода не донесе ниту еден глас, а е џиновски проект. Веројатно граѓаните таму не биле ислушани од нас. Сепак треба и поенергични реформи. Не сме сјајни, имаме слабости, но сме подобри од противниците, категоричен е Заев.