Тешки се компромисите, кои ги правиме на дипломатски маски за напредок на државата. Не се лесни ни секојдневните со себе. Мораме да се издигнеме над себе и личните очекувања, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на митингот на партијата во салата „Борис Трајковски“.
Според него, не треба да „дозволиме сами на себе да си ставиме кочници на патот на 31-октомври“.
-Да не дозволиме да не повлечат во провалија и да ни ја уништат и сегашноста и иднината. Не го давајте Скопје на оние кои веќе го унакажаа, нагрдија и му ја одземаа душата. Скопје не заслужува нови забегани експерименти и понижувања, вели Заев.
Лидерот на СДСМ заклучи дека тие како партија и Влада, „никого не влечат за уши, никому не посакуваат да заврши во ендек, никого не присилуваат да излезе на протест, митинг, избори, не бркаме од работа за различно мислење и искажан став. Не ги делиме луѓето на наши и некои други“.