Делта варијантата на коронавирусот мутираше и стана уште позаразна. Во исто време, најчестите симптоми на коронавирус се менуваат и нов симптом стана најчесто пријавуван.
Во првиот бран на пандемијата – кашлица, отежнато дишење и губење на вкусот и мирисот беа главните симптоми на инфекција со Ковид-19. Работите донекаде се сменија со делта варијантата.
„Поретки се кашлицата и губењето на вкусот и мирисот, а почести се главоболки, болки во грлото, течење на носот и треска“, вели Инџи Јилдирим, специјалист за заразни болести.
Студиите спроведени во Обединетото Кралство покажаа дека главоболката е симптом број 1 пријавена од луѓе со делта сојот на коронавирус.
Кои се другите симптоми на делта варијантата на короната?
Сè почесто се пријавуваат симптоми на настинка, како што се течење на носот и кивање, кои претходно не се сметаа за симптоми на Ковид порано во пандемијата. Назалниот исцедок е вториот најчесто пријавен симптом кај целосно вакцинирани и делумно вакцинирани лица во студијата и трет најчесто пријавен симптом кај невакцинираните.
Кивањето е трет најчесто пријавен симптом на Ковид кај целосно вакцинирани и четврти најчесто пријавен симптом кај делумно вакцинирани.
„Ако сте вакцинирани и почнете многу да кивате без никакво објаснување, треба да се тестирате, особено ако живеете во близина на луѓе кои се изложени на висок ризик за болеста“, велат истражувачите, пишува Eatthis.