484
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдија вечерва од ДИК за МИА. СДСМ имаше поднесено 7 а ВМРО-ДПМНЕ еден приговор.
Приговорите на СДСМ се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше еден приговор за избирачко место во Пробиштип.
Од првичните 23 најверојатно ДИК утре ќе одлучува за останатите 16 поднесени приговори од ДУИ.