САД продаваат 280 проектили на Саудиска Арабија

од Nikola Popovski
423 прегледи

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на 280 ракети воздух-воздух на Саудиска Арабија, според договор вреден до 650 милиони долари, објави Пентагон.

Стејт департментот ја одобри предложената испорака на 26 октомври, а во соопштението се наведува дека продажбата на ракетите AIM-120C доаѓа по „зголемувањето на прекуграничните напади врз Саудиска Арабија во текот на минатата година“, пренесува Ројтерс.

Ова е прва голема воена продажба на Ријад од страна на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден откако ја презеде функцијата и усвои политика на продажба само одбранбено оружје на својот сојузник во Заливот, јави Танјуг.

Слични содржини