Питер Џексон го убеди „Дизни“ да прекрши свое правило за прв пат

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Режисерот Питер Џексон откри дека успешно ги убедил „Дизни“ да дозволи пцовки да бидат вклучени во неговиот претстоен документарен филм „The Beatles: Get Back“.

Иако ова е прв пат „Дизни канал“ да се согласи да емитува пцовки, 60-годишниот филмски режисер изјави дека тоа „не било на агресивен или сексуален начин“.

Серијата од три дела ќе ја врати публиката на интимни сесии за снимање со бендот и раскошни настапи за нивниот последен албум од 1970 година, „Let It Be“.

– Моравме да разговараме со „Дизни“ за пцуењето. Битлси се изведувачи и слободно пцујат, но не на агресивен или сексуален начин. Го натеравме „Дизни“ да се согласи за псуењето, што мислам дека е прв пат за „Дизни каналот“. И поради тоа се чувствуваат модерно. Очигледно е дека луѓето пцуеја во 60-тите, но не и кога ги снимаа – изјави Питер Џексон за „Радио Тајмс“.

Серијата ја следи приказната за легендарниот бенд од Ливерпул од 1969 година додека го планираат својот прв настап во живо по повеќе од две години, користејќи невидени снимки (снимени од Мајкл Линдзи-Хог) и повеќе од 150 часа досега нечуен звук, кој е брилијантно обновен.

Ова достигнување покажува пишување и проба на 14 нови песни, првично наменети за објавување на придружниот албум во живо, пишува „Дејли мејл“.

Документарната серија „The Beatles: Get Back“ содржи и други песни и класични композиции вклучени во последните два албума на бендот, „Abbey Road“ и „Let It Be“.

Документарецот за првпат во целост го прикажува последниот настап во живо на Битлси како група, незаборавниот концерт на покривот во лондонскиот „Савил Рои“.

Епизодите ќе бидат премиерно прикажани на платформата „Дизни +“ на 25, 26 и 27 ноември.

Погледнете го трејлерот:

Слични содржини