Конгресот побара од бугарскиот амбасадор во Вашингтон да се тргне ветото за преговори на Македонија со ЕУ

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД испратија писмо до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев, од кого побараа да се реши билатералниот спор со Северна Македонија, за да може државата да ги почне преговорите со Европската Унија до крајот на годината.

„Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група, пренесе ВОА.

Членовите на Конгресот, меѓу кои демократскиот конгресмен од Масачусетс Бил Китинг и републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, напишаа дека се свесни оти „покрај тоа што Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, останува спорот меѓу вашата држава и Северна Македонија, што ги спречува Албанија и Северна Македонија да ги почнат тие разговори“.

Слични содржини