Се за ждрепката во Лигата на шампионите: Ќе има ли „пресметка на титаните“ уште во осминафиналето?

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Покрај ждрепката за Лигата на Европа, на програмата е и ждрепката за осминафиналето на најелитното европско натпреварување – Лигата на шампионите. Овој настан е на програмата точно напладне, додека преносот може да се следи на официјалната веб-страница на УЕФА.

Правилата кои секој треба да ги знае пред ждрепката се едноставни, 16 екипи се поделени во две групи, односно „носители“ и „неносители“. Носители се екипите кои завршиле на првата позиција, додека, логично, неносители се оние кои завршиле на вторите позиции во своите групи.

Освен што „носителите“ не можат да играат еден против друг, важно е да се знаат уште две основни правила пред оваа ждрепка – тимовите кои доаѓаат од иста земја не можат да играат меѓу себе во оваа фаза од натпреварувањето, а исто така тимовите кои се натпреваруваат во иста група не можат повторно да се сретнат во оваа фаза од натпреварувањето.

Титулата „носител“ во оваа ждрепка ќе ја имаат Ајакс, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а на другата страна се Атлетико Мадрид, Бенфика, Челзи, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг Лисабон и Виљареал и затоа оваа фаза веќе ветува некаков „судир на титаните“.

Првите натпревари од оваа фаза се закажани за 15 и 16 февруари, додека реваншите ќе се играат на 8 и 9 март.

Слични содржини