Студија: „Омикрон“ не е помалку сериозен од „делта“ видот

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Инфекциите предизвикани од „омикрон“ не се помалку сериозни од инфекциите на досега доминантната варијанта на коронавирусот, „делта“, според раните истражувања на научници од Обединетото Кралство.

Истражувачите од Империјал колеџот во Лондон ги споредија податоците за 11.329 луѓе со потврдена или веројатна инфекција со „омикрон“ со податоци за скоро 200.000 луѓе заразени со други варијанти на коронавирус.

Според извештајот објавен во понеделникот, кој сè уште не поминал рецензија, „нема докази дека „омикрон“ е помалку сериозна варијанта на коронавирус од „делта“, судејќи според процентот на позитивни луѓе кои пријавиле симптоми или процентот на случаи на кои им е потребна хоспитализација и грижа по инфекции“.

Кога вакцините беа достапни во Обединетото Кралство, нивната ефикасност против симптоматска инфекција со „омикрон“ се движеше од 0 проценти до 20 проценти по две примени дози и помеѓу 55 проценти и 80 проценти по „бустер“ доза.

Извештајот на Империјал колеџот, исто така, наведува дека откако ќе се земат предвид индивидуалните фактори на ризик, шансите за поединец повторно да се зарази со „омикрон“ се 5,4 пати поголеми отколку во случај на повторна инфекција со варијантата „делта“.

Студија објавена пред појавата на „омикрон“ покажа дека надминувањето на инфекцијата САРС-КоВ-2 обезбедува 85 проценти заштита од повторна инфекција во период од шест месеци, додека „заштитата од повторна инфекција со „омикрон“, која ја дава претходната инфекција по опоравување од болеста, изнаесува само 19 проценти “.

Слични содржини