Вучиќ смета дека Бугарија има поддршка од друга земја во блокадата на Македонија

од Nikola Popovski
758 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потенцира дека недвосмислен став на официјален Белград е дека Северна Македонија и Албанија одамна требало да ги отворат пристапните преговори со Европската унија.

На новинарско прашање дали Бугарија има поддршка од друга земја од ЕУ во блокирањето на почетокот на преговорите за Северна Македонија, тој вели дека лично смета дека зад тоа се крие некој друг, но дека не е негова работа да зборува за тоа.

-Ако мене ме прашувате дали лично сметам дека има уште некој што се крие зад таквиот став, јас мислам дека има. Ама не е мое да зборувам за тоа, така што за тоа нека зборуваат други, рече Вучиќ.

Тој вели дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе каже овој пат не сакам.

-Дајте им иднина на луѓето во Северна Македонија, а разговарајте за прашања од минатото уште 10 години, тоа е ставот на Србија, рече Вучиќ.

 

Слични содржини