Откриен првиот случај на омикрон во земјава

од Nikola Popovski
291 прегледи

Сојот омикрон пристигна и во Македонија. Министерството за здравство информира дека секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

-Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал  прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом, велат здравствените власти.

Сојот на коронавирус Б.1.1.529 (омикрон) беше откриен кон крајот на ноември во Јужна Африка, Боцвана, Израел и е пријавен во неколку европски земји и во САД. Експертите сметаат дека е опасен бидејќи се шири многу побрзо од другите видови и има поголем број мутации, повеќе од 30 во С-протеинот.

Слични содржини