„Омикрон“ ги десеткуваше и судиите во НБА, дури седум тренери во протоколот за ковид

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Коронавирусот не е проблем само за клубовите од најсилната лига во светот, кои во последните денови се мачат да ги пополнат ростерите додека „ударните тупаници“ им се во протоколот за ковид – со истиот проблем се соочуваат и судиите.

Голем број судии моментално се „во амбуланта“ поради корона ирусот, најмногу поради „омикрон“ сојот – дури 25 од вкупно 70 пријавени судии во НБА лигата!

Така, 36 отсто од „луѓето во сиво“ моментално се во ковид-протоколот, а нивните замени, како и во случајот со играчите, доаѓаат од развојната „Г“ лига, јавуваат американските медиуми.

Сепак, НБА успеа само делумно да го реши проблемот со смената на судиите, поточно го решава во од, бидејќи има пауза во „Г“ лигата, па се одиграа неколку натпревари од најсилната лига (четири во декември) со само двајца судии на теренот.

Во исто време, тренерите полека влегуваат во ковид-протоколите, па седуммина од нив моментално се надвор од терените, меѓу кои и „тренерот“ на Денвер, Мајк Мелоун.

Слични содржини