309
Мауро Икарди оваа зима најверојатно ќе го напушти ПСЖ.
Француските медиуми денеска повторно пишуваа за него, Аргентинецот не е во плановите на Маурицио Почетино, не сака да седи на клупата и го бара најдоброто решение.
Сепак, нема да биде така едноставно, бидејќи ПСЖ нема да го пушти за помалку од 30 милиони евра.
Се споменуваше Јувентус, кој бара замена за Мората, бидејќи Шпанецот веќе има договор со Барса, но „старата дама“ мора да го провери и салдото на нејзината сметка.
Икарди во ПСЖ пристигна од Интер, прво на позајмица, а потоа го купи летото 2020 година за 50 милиони евра.