Која храна идеално го регулира притисокот?

од Vladimir Zorba
862 прегледи

Консумирањето на спанаќ помага во одржување на нормалните вредности на крвниот притисок, изјави руската докторка, нутриционистката Лера Лавски.

„Спанаќот е складиште на хранливи материи. Особено е корисен за луѓе кои имаат кардиоваскуларни проблеми, бидејќи содржи калиум и магнезиум. Овие минерали помагаат да се одржи нормалниот крвен притисок и да се релаксираат срцевите мускули“, вели Лавски.

Докторот додал дека спанаќот содржи голем број влакна и позитивно влијае на варењето.

„Употребата на спанаќ позитивно влијае на здравјето на дигестивниот тракт. Каротеноидите кои се наоѓаат во спанаќот се моќни антиоксиданти. За сите оние кои се грижат за своето здравје и сакаат да го сочуваат нивото на енергија на која било возраст и да го продолжат младешкиот изглед, спанаќот треба редовно да се наоѓа на менито“, истакна докторката.

Таа изјавила и дека спанаќот е извор на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот. Освен тоа, спанаќот содржи и голем број на оксалати, па луѓето кои имаат проблеми со бубрезите треба да го користат ограничено во исхраната, бидејќи влијае на формирањето на камења во бубрезите.

Слични содржини