Грција се обидува да помогне во кревањето на бугарското вето

од Nikola Popovski
254 прегледи

Грција се обидува да помогне во отстранувањето на бугарското вето, така барем тврди алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис, за време на Комисијата за европски прашања во грчкиот парламент. Тој уште еднаш ја изрази грчката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ги повтори грчките позиции.

-Се обидуваме да олесниме во отстранувањето на кои било тешкотии што постојат во моментов поради бугарското вето за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. Ја поддржуваме европската перспектива на Албанија и Северна Македонија. Во случај нашите северни соседи да решат да го променат нивниот став во врска со целосното спроведување на Договорот од Преспа, тогаш и Грција, соодветно ќе ја смени нејзината позиција, изјавил Варвициотис, јави МИА од Атина.

Слични содржини