Губењето на косата е главно генетско или хормонално нарушување. Исто така, во текот на зимата, а особено по 40-тата година, косата почнува побрзо да опаѓа. Покрај тоа, голем број пациенти пријавиле ненадејно опаѓање на косата по коронавирус.
Добрата вест е што експертите истакнуваат дека овој проблем може да се реши со конзумирање на храна богата со протеини.
Наместо тоа, треба да се воведе храна богата со следниве хранливи материи:
Протеини кои се неопходни за организмот, а ги има во сојата, туната, пилешкото, говедското и жолчката од јајцето.
Цинкот и магнезиумот преку школки, харинга, ракчиња, соја, тофу, кафеав ориз и банани. Цинкот игра клучна улога во регулирањето на различни телесни функции, од репродукција на клетки до рамнотежа на хормони, а сето тоа влијае на растот на косата.
Железото е одличен сојузник во борбата против опаѓањето на косата. Најмногу го има во бадемите, џигерот, морските плодови, какаото, лешниците, сувото овошје.
Неговата апсорпција ја олеснува витаминот Ц, поради што треба да јадете многу овошје како јагоди, лимони или портокали.
Не треба да го заборавате и Витаминот Б, кој се наоѓа во жолчките, туната, печурките…