Касиљас ги шокираше поранешните соиграчи со фотографија од село: „Изгледаш како да те прегазил воз“

од Vladimir Zorba
283 прегледи

ЛЕГЕНДАРНИОТ голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Икер Касиљас на Инстаграм објави фотографија на која ги шокираше своите поранешни соиграчи и следбеници. Касиљас направи селфи на улица во мал град во Шпанија, а на фотографијата изгледа загрижувачки.

Очите му беа малку крвави, лицето збрчкано, а тој коментираше: „Рурално кул! Благословен мир“.

Еден од првите што одговори беше Жерар Пике, кој му кажа на својот поранешен соиграч дека изгледа „како да го прегазил воз“.

Борха Фернандез, кој играше со него во Реал, му кажа дека повеќе не му требаат филтри за стареење на Инстаграм.

Касиљас е дете на Реал и после сите возрасни категории одигра 725 натпревари за првиот тим и освои се што можеше.

Во последните пет години од кариерата бранеше во Порто за кој забележа 156 настапи, а за Шпанија настапи 167 пати.

Пред две години имаше срцев удар, но помина без посериозни последици.

Слични содржини