Македонија ќе донира воени средства и опрема на Украина

од Nikola Popovski
442 прегледи

Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина, соопштија денес од владината прес-служба.

Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина.

Во текот на вчерашниот ден, Владата донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.