Дујовски: Граѓаните се радуваат на тоа што Русија ѝ го прави на Украина

од Nikola Popovski

Универзитетскиот професор Никола Дујовски појаснува дека Русија не е тоа што мислат нашите граѓани и дека нејзиниот претседател Владимир Путин не е тој кој што се претставува.

-Таа е држава која има силна воена машинерија што ја користи во погрешен правец. Гледам на социјалните мрежи дека граѓаните се радуваат на тоа што Русија ѝ го прави на Украина. Тоа е тоа руско влијание за кое зборуваме. Руското општество е корумпирано. Путин си направи своја свита на олигарси и ја контролира државата. Нашите граѓани имаат многу погрешна концепција за Руската федерација, вели Дујовски во емисијата „24 анализа“.

Според него, добар знак е што денешните преговори меѓу Украина и Русија ќе продолжат и понатаму.

-Лошо е што се преговара додека се уште трае војната, но добро е што се договирија за нова средба. Значи дека имаат нешто заедничко, истакнува проф. Дујовски.

Слични содржини