461
Ветеранот и член на Јувентус, Џорџо Киелини смета дека Италија не треба да се плаши од македонската репрезентација. Искусниот дефанзивец се здоби со повреда, но изјави дека е подготвен за настап на денешниот натпревар.
„Италија не треба да се плаши од Македонија. Мораме да останеме смирени, но и да покажеме агресија во играта. Подготвен сум, иако селекторот утре ќе го каже последниот збор дали ќе играм. Уживаме во атмосферата во Палермо и се надевам дека ќе оствариме победа која ќе не однесе чекор поблиску до Светското првенство во Катар“, изјави Киелини.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра вечерва од 20:45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.