СДСМ: Политички настап на СОНК, нема формална основа за штрајк

од Nikola Popovski
277 прегледи

Денешниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците и на образовниот процес. Одбивањето на раководството на СОНК за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен, во време на криза и законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени, го потврдува тоа, вака реагираа од СДСМ на денешната прес-конференција на СОНК.

Според владеачката партија, раководството на СОНК нема формална основа за штрајк, затоа што согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи штрајк пред овој рок е смислена уцена.

-Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците. Правата на децата се над се, апелираат од СДСМ.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска соопшти дека продолжува штрајкот во образованието и науката.

-Понудените 10% зголемување на платите во образованието од Владата се бетонираат и не се остава простор по ова прашање. Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот доколку Владата ги усогласи платите. Советот на СОНК бара интензивирање на преговорите. Конечниот договор ќе се регулира со спогодба меѓу двата социјални партнери. Штрајкот продолжува се додека не се договориме со надлежните по ова прашање, рече Неделков пред присутните новинари.

Слични содржини