Икарди пред враќање во Италија

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Престојот на Мауро Икарди во Пари Сен Жермен е при крај. Францускиот гигант планира да се раздели со напаѓачот на лето. Според информациите на „АС“, Аргентинецот веќе бил информиран од раководството дека може да бара нов тим.

Икарди најверојатно ќе се врати во Италија. За 29-годишниот Аргентинец се вели дека се заинтересирани Милан и Јувентус, но не и неговиот поранешен клуб Интер. Проблем може да биде високата плата на напаѓачот.

Сезонава Икарди има 24 натпревари и само 4 гола во Лига 1. Најголем дел од настапите на теренот се од клупата за резерви. Неговиот договор со ПСЖ истекува во 2024 година.

Од ПСЖ ќе си заминат и сонародниците на Икарди – Леандро Паредес и Анхел Ди Марија.

Слични содржини