Викање, хаос и тензии во Собранието се случи попладнево, откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара процедурално, но претседателот на Собранието Талат Џафери не му дозволи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потоа станаа со транспаренти во рацете и застанаа пред говорницата.
-Оди таму сега, оди таму, седи на говорница, му рече Џафери на Мицевски.
Додека се броеа резултатите од гласањето на пратениците, спикерот се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ:
-Правете што сакате да правете, до мене не се доближувајте. Јас да се плашам? Што сакате правете, но до мене не се доближувајте, одговори Џафери.
Откако дневниот ред на седницата беше усвоен со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“, пратениците од опозицијата извикуваа „брука сте“, „срамота е“, „прочитај ги точките кои се“…
Џафери потоа дофрли до еден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
-Седете на свое место. Кој да се тепа бе? Седи на свое место, ако не си за тепање. Ако не си за тепање, седи на свое место.