Оштетен патнички воз на влез на Маџари

од Nikola Popovski
258 прегледи

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез на Железничка станица Маџари, патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје бил оштетен од неколку лица.

Од МВР денеска информираа дека нема повредени лица и се работи на расчистување на случајот.