Македонија израмни, шок за Бугарите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
281 прегледи

Најдобрите македонски фудбалери израмнија против Бугарија во второто полувреме од натпреварот од Лигата на нации. Добрата игра со повеќе посед на топката, беше крунисана на почетокот на вториот дел, кога беше замолкнат и шокиран стадионот во Разград.

По едно двојно проигрување помеѓу Алиоски и Елмас, топката дојде кај Милан Ристовски, кој одлично се снајде и ја затресе мрежата на противникот за 1-1.

За 24-годишниот Милан Ристовски ова беше трет гол во дресот на Македонија, по оние против Казахстан и Ерменија.

 

 

Слични содржини