Милан и Јувентус ја следат ситуацијата околу Пулишиќ

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Италијанските гиганти Милан и Јувентус будно ја следат ситуацијата околу крилниот напаѓач на Челси, Кристијан Пулишиќ, јавуваат островските медиуми. 23-годишниот фудбалер пристигна на „Стемфорд Бриџ“ за 58 милиони фунти од Борусија (Дортмунд) во летото 2019 година, но никогаш не успеа трајно да се наметне во тимот на лондончани.

Тој е незадоволен од немањето редовно место во составот и недоволната минутажа и веќе сериозно размислува за заминување. Токму од оваа околност сакаат да искористат двата италијански тима кои би сакале да го земат играчот по намалена цена.

Пулишиќ во последната кампања забележа 22 натпревари во Премиер лигата, но всушност одигра само 1.285 минути, што е помалку од 60 минути во натпреварите на кои учествуваше.

„Росонерите“ и „Старата дама“ бараат играчи кои можат да додадат разновидност во нивната игра во првите редови и да ја зголемат класата во нивните перформанси.
Пулишиќ можеби ќе стане вториот играч кој сака да ги напушти „сините“ во правец на Италија. Медиумите веќе неколку дена тврдат дека Ромелу Лукаку постигнал договор и со својот поранешен тим Интер и сега останува на „нероазурите“ да се договорат со Челси за негово враќање на „Џузепе Меаца“.

Слични содржини